Силна бура која траеше помалку од еден час, предизвика хаос во Неапол, јужна Италија, каде метрото привремено е затворено поради поплавени неколку станици.
Пожарникарите од милионскиот град неможат да стигнат да одговорат на повиците за помош поради поплавите, особено во центарот и во источниот дел од градот.
Улиците беа претворени во реки а босоногите пешаци со мака преминуваат од еден до друг тротоар.
Поплавена е и централната црква, Санта Марија дел`Инкороната.