Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и владата на Србија постигнаа договор за завршување на првата ревизија на стенд-бај договорот за земјата, јави Танјуг.
Мисијата на ММФ постигна договор на ниво тим со властите на Србија, кое треба да биде одобрено од раководството и извршниот совет на ММФ, за да заврши првата ревизија на договорот, изјави претставничката на мисијата на ММФ Сузана Мургасова.
Според неа Србија ќе има на располагање 146 милиони евра, но дека властите во Србија најавиле дека немаат намера да ги повлечат средствата од стенд-бај договорот.
Мургасова нагласи дека економската перспектива на Србија во одреден степен е подобрена, додавајќи дека строгата примена на здрави економски политики и реформи е од клучно значење за постигнувањето на економски раст.