Султаноглу: Остана уште многу работа во БиХ

Од:

Босна и Херцеговина денес е земја потенцијален кандидат за членство во Европската унија, а ние сме подготвени да ја следиме државата во процесот на европската интеграција, што е нејзин стратешки приоритет и да ја поддржиме на тој пат, изјави во интервју за денешното издание на „Ослобоѓење“, помошник генералниот секретар на Обединетите нации, Џихан Султаноглу.

Султаноглу, која денеска во Сараево ја отвора конференцијата на која ќе бидат сумирани резултатите од досегашните активноти за закрепнување од минатогодишните поплави, вели дека БиХ се уште се соочува со предизвици, кои се поврзани со настаните од ’90-те години на минатиот век и кои влијаат врз постигнување на ефикасен и фукционален систем на власта, помирување и соочување со наследството од минатото, пренесува Фена.

– Процесот на политички реформи во општеството, кое излегло од судирот е долг пат и бара високо ниво на доверба и разбирање меѓу сите негови актери. ОН секако се подготвени да помогнат и помагаат во тој процес во мерка во која домашните партнери сметаат дека е потребно, нагласи таа.

Султаноглу додаде дека во социекономски термини БиХ се соочува со висока стапка на невработеност, особено меѓу младите, недостиг на реформи и инвестиции, нееднаквност и исклучување, слично на нејзините соседи.

– Сите овие развојни предизвици се во фокусот на заедничката програма на ОН за БиХ за периодот од 2015. до 2019. и ние ќе сториме се за да и помогнеме на земјата во решавањето на тие предизвици, нагласи таа.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ