Русија и предложила на Грција да биде шестиот учесник во банката за развој на БРИКС

Од:

Русија и предложила на Грција да стане шестиот учесник во банката за развој на БРИКС, пренесе агенцијата АНА-МПА.

Предлогот го дал рускиот заменик министер за финансии Сергеј Сторчак во телефонскиразговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Во соопштението на грчкото Министерство за финансии се вели дека за време на разговорот со премиерот Ципрас, рускиот заменик министер Сторчак ја поканил Грција да стане шестиот учесник во банката за развој, во која се застапени Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Грчкиот премиер се заблагодарил за поканата и додал дека детално ќе го проучи предлогот и ќе го разгледа со лидерите на земјите од групата БРИКС на меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, што ќе се одржи од 18 до 20 јуни.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин