Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека би сакал да биде укинато американското економско ембарго кон Куба.
– Доаѓам во еден особено важен, но се уште несигурен контекст. Знаете каква отсекогаш била позицијата на Франција за укинување на ембаргото, кое штети на развојот на Куба, изјави Оланд во обраќањето во Универзитетот во Хавана.
Од 1991 година секоја година Франција гласа во Генералното собрание на Обединетите нации за поддршка на резолуцијата за укинување на ембаргото кон Куба, воведено во 1962 година.
Кон крајот на 2014 година САД и Куба објавија дека ги подобруваат односите, а американскиот претседател Барак Обама најави и укинување на економското ембарго кон Хавана.