Владата ќе заседава за хуманитарна помош, обештетувања и награди за антитерористичката акција во Куманово

Од:

Владата на Република Македонија денеска ќе одржи седница во врска со антитерористичката акција во Куманово.

Ќе биде презентирана информација за антитерористичката операција на полицијата во Куманово. Ќе се дискутира и за повеќе аспекти за определувањето на хуманитарна помош и за обесштетување на граѓаните кои имаат штети по нивните објекти и имоти. Се очекува да стане збор и за определување на награди на полицајците кои беа учесници во акцијата, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Вчера премиерот Груевски во своето обраќање најави дека Владата ќе помогне во надминувањето на хуманитарните предизвици во Куманово.

На лицата чии домови беа оштетени заради акцијата на полицијата, освен првичната хуманитарна помош, ќе им биде извршена финансиска надокнада по извршената проценка, истакна премиерот Никола Груевски во вчерашното обраќање.

Би можело да ве интересира

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски