Ракометарките на ЖРК Вардар се вратија во Скопје

Од:

Ракометарките на Вардар втора сезона натпреварите од завршниот турнир од Лигата на шампионите го завршуваат на третото место. Повторно како и лани во полуфиналето загубија од Будуќност, а потоа беше постигната победа во дуелот за третото место.

– Не сум задоволна од тоа што го одигравме со Будуќност. Некои работи неможам да ги објаснам. Ќе направиме анализа да видиме во што е проблемот и да го решиме за следната сезона. Но, од друга страна драго ми е што победивме во вториот натпревар (малото финале) и го освоивме третото место. Не е исто дали сме на третото место или на четвртото место, изјави по враќањето во Скопје тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ.

Андреа Пенезиќ со 102 гола со Кристина Неагу од Будуќност се најдобрите стрелци оваа сезона во Лигата на шампионите.

– Секогаш се убави индивидуалните награди, но повеќе сакав да игравме финале. Задоволна сум од третото место и бронзата, но останува чуство на горчина во устата за поразот во полуфиналето. Не дадовме се од себе и не бевме вистинските на тој дуел. Се надевам дека следната година ќе играме финале, истакна Пенезиќ.

За ракометарките на Вардар оваа сезона останаа уште настапите во домашниот куп и домашното првенство.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска