Средба Жерновски со мисијата на ОБСЕ

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска го прими и разговараше со Џејмс Де Вит, раководител и надлежен за известување и политички прашања во мисијата на ОБСЕ.

На средбата се разменети мислења и разговарано е за случувањата во Куманово и во Р. Македонија во текот на викендот. Двајцата соговорници апелираат на присебност и неопходност од внимателно следење на случувањата.

Градоначалникот Жерновски го информираше Де Вит за претстојните активности на опозицијата и како на ова ќе се рефлектираат актуелните случувања.

И натаму продолжува соработката и меѓусебното запознавање за актуелните случувања во Р. Македонија.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите

Новотни: Доста е од бетон и чад — Центарот мора да стане место каде што децата слободно дишат

Марковски: Скопје мора да дише слободно

Герасимовски: Заокружи го бројот 5 во недела, за континуитет, стабилност и развој на Центар

Герасимовски: Поддржуваме над 50 граѓански организации, и во следниот мандат граѓанскиот сектор ќе биде активно вклучен во работата

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите