Коѕиас: Грција и Турција можат да ги надминат несогласувањата околу Егејското Море

Од:

Грција и Турција можат да ги надминат несогласувањата околу Егејското Море и уште повеќе да ги зајакнат економските врски, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во интервју за турскиот весник „Сабах“.

Шефот на грчката дипломатија, кој е во посета на Истанбул, нагласи дека Грција си поставила за цел да ги реалзира своите намери за изработка на мерки за зголемување на довербата со Турција, да разговара со Анкара за нивото до кое стигнале разговорите за серија отворени прашања и да бидат преземени конкретни чекори за реализација на тој процес.

– Освен тоа ние сакаме да ги развиеме уште повеќе економските врски меѓу двете земји, кои бележат добар напредок. Преовладува впечатокот дека бројот на турските туристи, кои ја посетиле Грција оваа година ќе биде поголем од бројот на руските туристи, односно над еден милион, рече Коѕиас и додаде дека трговската размена меѓу двете земји е зголемена за четири пати.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата