Седумдесет и седум годишната скопјанка Елица Ј. пронајдена е мртва во нејзиниот дом на улица „Зелен гора“ во населбата Пржино вчера околу 14 часот, со траги на насилство.
Телото е предадено за обдукција, а СВР – Скопје се врши увид на местото на настанот.
Според првичните сознанија, има едно осомничено лице на возраст од 48 години и според непотврдени информации се работи за нејзиниот син.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.