На состанокот на Еврогрупата сакаме јасна изјава за напредокот постигнат во изминатиот период, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на синоќешниот состанок на владиниот совет во врска со денешната средба на министрите за финансии од еврозоната.
– Како и да е, во секој случај, секој постигнат договор мора да биде во рамки на мандатот на народот, рече Ципрас.
Извори од грчката Влада коментираат дека „признание за позитивните напори на Атина во соопштение од денешниот состанок на Еврогрупата ќе бидат еднакви со позитивна и оптимистичка порака кон можноста за постигнување договор и во исто време ќе биде порака до ЕЦБ да ја олабави задушувачката финансиска рамка за Грција“.