Движењето БЕСА продолжува да ги следи со големо внимание, вознемиреност и огорченост последните настани во Куманово и, согласно механизмите кои ги поседува еден политички субјект, повторно и се обраќа на јавноста преку оваа соопштение.
Во овој тежок и црн ден за Македонија, Движењето БЕСА пред се им изразува сочувство на сите семејства на цивилните жртви, како и на семејствата на убиените полицајци во вчерашните вооружени дејствија. Исто така му се обраќаме на македонскиот народ:
вашите деца не се убиени затоа што биле Македонци, туку само затоа што биле полицајци. Тоа го потврдува и убиениот албански полицаец од Студеничане. И, второ, тие не се убиени од Албанците, од албанското население од Куманово, туку од непознати групи, за кои има сомнение дека се манипулирани за некакви политички цели. Затоа ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија да ја сочуваат ладнокрвноста и трпението и да не потпаѓаат во замката на тие што сакаат политичката криза да ја претворат во меѓуетничка криза. Ние и понатаму ќе треба да живееме заедно и во добро и во зло, независно кој ќе биде утре на власт.
Притоа, по прес-конференција, на министерката за Внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и се обраќаме нејзе со неколку прашања:
– Кои се тие вооружени групи, кој стои зад нив, кој ги порачал, која е нивната агенда и како тие се најдоа сред Куманово?
– Зошто МВР не ги превземал потребните чекори за да се спречи овој инцидент?
– Која е состојбата на цивилите во Дивата Населба во Куманово? Дали има убиени од нив и дали се и тие значајни за вас?
– Дали на цивилите со здравствени проблеми и на тие кои се блокирани во своите домови им е понудена прва помош и хуманитарна помош?
Поаѓајќи од ова, но и од сите други објавени информации поврзани за министерката Јанкуловска, бараме нејзина оставка како министерка која се покажа како недостојна за оваа позиција и без капацитет да го гарантира и обезбеди животот на граѓаните на Македонија.
Кога сме тука, сакаме да поставиме уште едно јавно прашање: Каде е двоецот Али Ахмети и Муса Џафери? Зошто тие не одат во Куманово да го спасат населението од Куманово и зошто не се произнесуваат околу настаните во Куманово? Додека Мендух Тачи не го прашуваме ништо затоа што знаеме кому е тој верен до смрт?
Истотака, повторно ја повикуваме меѓународната заедница, особено ОБСЕ да интервенира во функција на решавање и привршување на кризата, додека го повикуваме и Црвениот Крст да ги третира рамноправно сите жртви на овој инцидент во Куманово. Црвениот Крст треба да се грижи потполно за убиените, повредени или приведени цивили и да не дозволи оваа политичка и воена криза не постане и хуманитарна криза.
Движењето БЕСА ќе продолжи да биде крајно заинтересирана оваа трагедија да приврши што е можно побргу, додека бараме режисерите и продуцентите на ова сценарио да ја понесат заслужената одговорност.