Хајдук во стечај!

Од:

Градскиот совет на Сплит, градот Сплит е мнозински сопственик на Хајдук, не одобри гаранција за кредит од 30 милиони куни за Хајдук. По таа одлука, претседателот на хрватскиот фудбалски великан Марин Брбиќ најави стечај.

Ова е крај. Клубот мора во стечај, што ќе биде понатаму, јас навистина не знам. Се надевам дека тие се свесни за нивната одлука, како позицијата така и оние од опозицијата, изјави по средбата Брбиќ.

Хајдук има големи финансиски долгови, кои не може да ги исплати. Челниците на Хајдук бараа гаранции за да ги решават актуелните проблеми. Хајдук е должен на доверителите, на работната заедница и должи плата за април, а на играчите последните две плати.

Пред гласањето Сплитскиот градоначалник Јуре Шундов од хрватската граѓанска партија побара одлуката да се донесе едногласно, но за гаранција гласаа само седум од 21 присутни советници. За гаранција гласаа советниците од ХДЗ и тројца независни советници, а против беа мнозинството од советниците на СДП и ХНС, а HGS и Иво Балдасар од СДП беа воздржани.

Во жестоката дебата најмногу полемика имаше околу планот како Хајдук да излезе од кризата. Поточно, Брбиќ истакна дека овој кредит нема да ги реши проблемите, но ќе помогне во консолидирањето на клубот. Советниците ги загрижи најавата дека Хајдук нема да биде во можност да го врати кредитот.

“Јасно е дека овој кредит нема сосема да го извлече клубот од тешката ситуација, но ако клубот не го добие, во следните десет дена се заканува стечај. Ние мора да го решиме и прашањето за суспензија и да ги испочитуваме правилата на УЕФА за финансиски ферплеј, ако не успееме, не ќе бидеме во можност да играме во Европа”, нагласи Брбиќ за време на расправата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски

Аталанта го забележа 10-от последователен триумф во Серија А