Климата оди кон „ново доба“ на Арктичкиот океан

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Промените во Арктичкиот океан се толку длабоки што регионот влегува во нешто што може да се опише како „ново доба“, велат норвешки научници.

Преминот од постојаната ледена покривка од дебел мраз во нова состојба, каде потенкиот лед исчезнува во лето, ќе има далекусежни последици, велат тие.

Норвешкиот поларен институт оформи експедиција за Арктичкиот океан која работи за време на најстудените месеци во годината.

Научниците треба да издржат екстремно ниски температури и целосна темница. Целта е да се соберат податоци за ледот, затоа што тој се замрзнува за време на поларните зими.

Истражувачкиот брод Ленс беше поставен на локација во област одалечена околу 500 милји од Северниот пол и пловеше помеѓу сантите лед.

Директорот на институтот, Јан Гунар Винтер, рече дека мерењата што се случува за време на зимата се витални за осовременување на сценаријата за идните климатски промени.

– Немаме речиси никакви податоци од Арктичкиот океан во зима… освен неколку исклучоци – па овие информации се многу важни за да можеме да ги разбереме процесите кога ледот замрзнува на почетокот на зимата, и дали тој останува таму и за време на летото, објаснува тој. „Влегуваме во ново доба, преминот од стар во млад мраз, потенок мраз, и климатските модели кои се корстат денес не го опфаќаат новиот режим или ситуацијата со мразот. Па сознанијата што се случува денес ќе ги подобри климатските модели кои пак ќе ги подобрат проекциите за глобалните климатски промени“.

Рекордни ниски нивоа

Обидите на истражувачите се случуваат во момент кога американските научици известуваат дека максималната распространетост на арктичкиот морски мраз е на најниско забележано зимско ниво, уште од почетокот на мерењата.

Главен фокус на експедицијата е да се истражат последиците од намалувањето на таканаречениот повеќегодишен мраз – постар, поцврсти санти кои преживуваат и по неколку години – и се поголемите површини со помлад мраз, кој е потенок.

Помеѓу истражувачите кои го истражуваат влијанието на овие промени врз поларната биологија, е д-р Хакон Хоп, кој предводи тим на биолози кои работат под ледот.

– Вообичаено има многу помалку живот под првогодишниот мраз – повеќегодишниот мраз е покомплексен, со повеќе бразди и вообичаено има повеќе анимален живот, вели тој. „Она што може да се забележи околу Арктикот е дека кај животинките кои живеат под мразот – односоно ракчиња, амфиподи и копеподи – биодиверзитетот опаѓа и и нивното изобилие и биомасата исто се намалуваат во областите каде се вршат мерења. Тоа е многу загрижувачко, затоа што овие животни се важен плен за морските птици кои се хранат на краевите од мразот, и за морските животни кои се хранат со нив“.

Комплексен одговор

Друг биолог кој учествува во тимот, д-р Филип Асми, рече дека е важно да се открие како некои видови можат да имаат корист од океанот кога има помалку ледена покривка – кога повеќето сончева светлиа им овозможува на планктоните да се развиваат додека другите ќе страдаат.

– Знаеме дека количината на оранизми кои живеат во океанот всушност ќе се зголеми затоа што ќе има повеќе светлина од која тие ќе растат. Од друга страна, организмите кои живеат во морскиот мраз, по се изгледа ќе се намалат затоа што нивната животна средина се намалува, а тоа ќе има каскаден ефект врз големите харизматични морски цицачи кои ни се познати“.

Експедицијата се обидува да направи издржана проценка на сите клучни аспекти од овој дел од Арктичкиот Океан.

Д-р Полона Иткн поставува направи за следење на ледените санти по што движењето и истенчувањето на мразот може да се следи и откако експедицијата ќе заврши во јуни.

– Сакаме да дознаеме како се однесува ледената покривка во овој дел од Арктикот, ајде да ја наречеме нова клима. Знаеме нешто за овој нов мраз кој се проучува со децении, но мислиме дека мразот сега е поинаков и сакаме да видиме колку е тој поинаков, и што тоа значи за другите компоненти од климата“.

Научниците велат дека собирањето на податоци од самиот мраз самото по себе е непроценливо како начин на калибрација на мерките кои ги прават сателити и надлетувања со авиони.

Но ова научно истражување доаѓа со сите ризиици. Еден од нив е напорната борба да се работи во замрзнувачки услови. За време на нашата посета на бродот Ленс, температурата постојано беше околу -21 степен целизусови, а ветротвиѕе го спуштаат чувството на вистинско ладно до -47 степени. Друга закана доаѓа од поларните мечки, а една се приближи до ридот кога бевме на палубата. Во темината на поларната зима, д-р Џенифер Кинг беше во мала група која работеше под светлата на Ленс кога чуварот одеднаш забележа една меќка како се приближува до светлото.

– Беше одалечена 25 метри стоеше на брегот и не гледаше, и личеше на величенствен крал на Арктикот – беше преубаво, но и шокантно страшно. Мечката била истерана со пушки кои исфрлаат ракети за помош.

Друга опасност доаѓа од движењето на ледените плочи. За време на експедицијата додека научниците работеа на ледот, пукнатини или „водилки“ шесто се појавуваа на површината, а сантите се судираа и правеа притисок врз леденте брегови. Неколку пати видовме како опремата беше повлекувана од мразот за да се избегне опасноста да не ја загубиме. А еднаш додека снимавме, една санта јавна друга и бевме повикани на бродот заради наша безбедност.

Според Јан Гунар Винтер, помладиот мраз, кој е се проприсутен на Арктикот, сега е поподвижен.

– Знаеме дека мразот денес побрзо се менува отколку пред сто години. Па со потенок и помалку мраз, тој побрзо е движен од ветерот и од времеските услови. Сега е подинамичен, тоа го знаеме“.

Експедицијата, позната и како Норвешко крстарење по младиот мраз, можете да ја следите на www.polar.no/nice2015

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска