Жерновски: Знам што наумила власта, но исто така знам дека војна нема да има!

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, се огласи по најновите случувања во Куманово. Знам што наумиле, но нема да се убиваме меѓу себе. Ова е наша пролет, која некој сака да ја направи крвава, трошејки ги последните денови од неа, вели Жерновски.

11212212_479706292201131_593222045_n

Еве што напиша:
На почеток, сакам да го пренесам своето чувство на голема тага поради сите расплакани луѓе кои од утрово ги гледаме на кумановските улици, поради загрижените и натажени лица во цела Македонија.

Како политичар, би сакал да им се извинам на сите наши граѓани поради најновото сценарио за кое ни е јасно дека е конструкција, зашто нашиот добронамерен народ не сака војна.

Знам што наумила власта, но исто така знам дека војна нема да има. Сепак, ќе остави трага. Повторно повредени, повторно загинати… повторно деца ќе останат без своите татковци.

Кога овој проект ќе заврши, некој ќе мора да го носи товарот на загубите.
Не сум воопшто загрижен за заедничкиот живот со Aлбанците. Кој се’ уште спомнува националност, освен оној кој ја злоупотребува за да профитира од неа?

Уверен сум дека уште подобро ќе се сложуваме откако ќе ги добиеме вистинските одговори на најновата провокација: кој го направи ова и зошто?

Да кажат каде ги пуштиле и за кого гинат нашите припадници на безбедносните сили.
Дури да долета врховниот командант на македонската војска од Москва, дури да го свика Советот за безбедност, ова ќе заврши.

Ќе може, традиционално, само да изрази жалење…

За жал, во Македонија уште може да се игра на карта на меѓунационални тензии, но ние повеќе нема да се убиваме меѓу себе. Прошетајте по старата скопска чаршија, по Тетово или Струга. Сите сме Македонци.

Ова е наша пролет, која некој сака да ја направи крвава, трошејки ги последните денови од неа.

Но ние сме заедно наспроти нив, а тие се и сами, и осамени во своите намери.
Да останеме заедно, спремни и силни.

Заедно до слобода.

Би можело да ве интересира

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Ана Ололовска

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Жерновски – Брнз: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

Драган Поповски

(ВИДЕО) Трајковски: Се сомневаме дека Жерновски дал милион денари за СЈО кривично да не гони

Виктор Јованов

Жерновски се потпиша во книгата за жалост за смртта на Клаус Кинкел