МВР: Терористичка група од соседна земја планирала напади врз државни институции

Од:

Министерството за внатрешни работи утринава отпочна акција за разбивање на вооружена терористичка група која имала за цел да организира напади врз државни институции, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски, на прес конференција по настаните во Куманово.

– Групата влегла илегално во Македонија од соседна држава и преку свои поддржувачи се засолнила подготвувајќи се за терористички напади. Лоцирани се во неколку куќи во кумановската Дива населба. Станува збор за добро вооружена и обучена група за борба во вакви услови – рече Котевски.

Како што рече тој, специјалните едници во 5 часот утринава отпочнале со реализација на планот за разбивање на групата, но наишле на жесток отпор од терористите, рече Котевски. Тие ги нападнале полициските сили со бомби и рафали.

– Се уште се во тек активностите на терен. Заради специфичноста на теренот полицијата напредува тактички и врши прегледи во куќите од безбедносни причини. Апелираме граѓаните да останат мирни и да се воздржуваат – порача тој.

Заради чувствителноста на ситуација, додаде, МВР не може да соопшти повеќе детали.
Портпаролот не даде информација колку припадници на безбедносните сили се повредени и дали има загинати, но според последните неофицијални податоци на скопските клиники се префрлени околу дваесетина полицајци.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он