ВИДЕО: На „Деве Баир” запленети 13,5 килограми хероин

Од:

Полицијата заплени 13,5 килограми хероин на влезот во Македонија од Бугарија на граничниот премин „Деве Баир“ – Крива Паланка, вреден повеќе од 1.000.000 евра.

Дрогата била пронајдена под тапацирите од возачкото и совозачкото место во автомобил „Волво“ со тетовски регистерски таблици, со којшто управувал педесет и четиригодишен тетовец.

Хероинот бил спакуван во три специјално изработени фолии за да се избегне неговото пронаоѓање при рентген контролата на граничниот премин.

Тетовецот дрогата ја презел од Турчин и требало да ја транспортира во Македонија, каде турскиот државјанин требало да ја прифати и да ја транспортира до западноевропските земји, кои биле крајна дестинација.

Инаку, тетовецот и претходно се занимавал со дрога. Во 1999 година во Италија издржувал казна затвор во траење од пет години за недозволена трговија на седум килограми хероин.

Тетовецот во текот на денешниот ден ќе биде предаден на Истражен судија и ќе му биде поднесена кривична пријава за -“неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

20 килограми кокаин запленети во Србија – уличната вредноста на дрогата достигнува и до 5 милиони евра

А1он

Уапсен е скопјанец – пронајдени се марихуана, амфетамин и метадон во подрум во Аеродром

А1он

Претрес во Тетово: Пронајдена е дрога, едно лице е уапсено

Полицијата во Нови Сад пронајде шест килограми кокаин во автомобил, уапсен е возачот