Сопственикот на компанијата „Тесла Моторс“ Елон Муск изминатиот период е особено активен, а по претставувањето на новата генерација батерии за домови и компании, објави дека неговата компанија активно работи на нов автомобил „Модел 3“, што официјално ќе биде претставен во март идната година.
Претходно беше објавено дека Тесла Модел 3 ќе биде претставен идната година, а сега и официјално е објавен месецот на премиерата.
Новиот автомобил од Тесла ќе го носи името „Модел III“, откако спорот околу авторските права со Форд не дозволи употреба на првичното име „Е-Модел“.
Модел 3 е автомобил кој е замислен да ја прошири целната група на „Тесла Моторс“ надвор од најбогатата елита, која е во состојба да си го дозволи актуелниот луксузен „Модел С“.
Цената на новиот модел се очекува да изнесува околу 35.000 долари и да има автономија на движење од околу 320 километри. Тесла Моделс, исто така, го подготвува и кросоверот Модел Х кјој треба да се појави на пазарот кратко по Модел 3.