Жерновски: Бруталниот напад е порака за заплашување за 17-ти

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, е згрозен од синоќешниот брутален напад врз директорот на јавното претпријатие „Паркинзи – Општина Центар“, Саша Богдановиќ.

„Апелирам МВР да покаже неселективност и ефикасност во процесуирањето на случајот, која знаат да ја практикуваат кога се работи за случаи за кои тие се заинтересирани. Извршителите, како и нарачателите треба да бидат јавно соопштени и соодветно санкционирани. Судиите, обвинителите, конечно мора да го надминат стравот и професионално да ја вршат својата должност“, порача Жерновски.

Градоначалникот Жерновски се надева дека овој свиреп и подмолен чин не е порака за заплашување на граѓаните, особено пред најавениот протестен собир на 17-ти мај.

„Извршителите треба да знаат дека ваквите кукавички и грозоморни напади уште повеќе не’ прават поцврсти и поодлучни во намерата да се справиме со нарачателите“, додаде Жерновски.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, е згрозен од синоќешниот брутален напад врз директорот на јавното претпријатие „Паркинзи – Општина Центар“, Саша Богдановиќ.

„Апелирам МВР да покаже неселективност и ефикасност во процесуирањето на случајот, која знаат да ја практикуваат кога се работи за случаи за кои тие се заинтересирани. Извршителите, како и нарачателите, треба да бидат јавно соопштени и соодветно санкционирани. Судиите и обвинителите, конечно, мора да го надминат стравот и професионално да ја вршат својата должност“, порача Жерновски.

Градоначалникот Жерновски смета дека овој свиреп и подмолен чин е порака за заплашување на граѓаните, особено пред најавениот протестен собир на 17-ти мај.

„Извршителите треба да знаат дека ваквите кукавички и грозоморни напади уште повеќе не’ прават поцврсти и поодлучни во намерата да се справиме со нарачателите“, додаде Жерновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар