Отворен ден-запознајте го УКИМ

Од:

Промотивен настан „Отворен ден-запознајте го УКИМ“ ќе се одржи денеска на платото пред Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје.

Ќе бидат поставени штандови на факултетите, а посетителите ќе имаат можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во државата, нејзината долга традиција, мисија и визија.

Настанот е првенствено наменет за средношколците ширум Македонија, но претставува и можност за сите заинтересирани кои сакаат да се информираат околу програмите за постдипломски и докторски студии.

Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, изложба на богатата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија.

Покрај другите активности, предвидена е богата музичка програма, во рамки на која ќе настапат бендови од Факултетот за музичка уметност при УКИМ, како и други содржини.

Би можело да ве интересира

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Студентите нема да одат на настава една недела, ќе организираат настани за почит на жртвите