Варуфакис тврди дека за две недели ќе биде постигнат договор со кредиторите

Од:

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека Грција ќе постигне договор со своите кредитори во текот на наредните седум до 14 дена.

– Циклусот на несигурност мора да се затвори, рече тој во интервју за Би-Би-Си , додавајќи дека иако нема да биде постигнат договор за финансиска помош на состанокот на Еврогрупата во понеделник, „сигурно ќе има договор во текот на следните неколку недели или слично“.

Варуфакис исто така изјави дека останува „главен преговарач на грчката Влада“, и оти ќе ја претставува Грција на состанокот. Тој воедно го отфрли сценариото за излез на Грција од еврозоната и рече дека неговите односи со европски колеги остануваат „извонредни“.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица