Кацин: Поделба на Косово не доѓа предвид

Од:

Според  известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин,  промена на границите и поделба на Косово ниту на еден начин не доаѓаат предвид, бидејќи тоа е неприфатливо, како и дека треба да се најде прифатливо и трајно решение за косовското прашање.

„ Белград добро знае, не само од Европската комисија, туку и од некои земји-членки, дека промена на границите и поделба на Косово не доаѓаат предвид. Ниту во случај на размена на територии, која често ја спомнува српскиот премиер. Тое е неприфатливо, а Белград и Приштина бараат и заслужуваат прифатливо и трајно решение“, рече Кацин за радио „Дојче веле“.

Кацин рече дека вистински политички дијалог меѓу Белград и Приштина немало во последните 30 години.

Кацин смета дека колку побрзо биде остварена директна средба на ниво на двете влади, со присуство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, ќе биде подобро за политичката атмосфера, клима и напредок во дијалогот.

„ Кое поглавје и да го отвори Србија, секогаш излегува Косово. На пример поглавјето за енергетика – енергетските басени, преносните мрежи, наплатата,  се тоа е поврзано и со Косово“, рече  Кацин.

 

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски