Од пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ вечер од 20 часот за Будимпешта ќе тргне експедицијата навивачи на „црвено-црните“.
– Ги известуваме нашите навивачи, кои купија билет за натпреварите од Ф4 турнирот од Лигата на шампионите, дека тргнувањето за Будимпешта ќе биде на 7 мај (четврток) во 20 часот, пред СЦ „Јане Сандански“, информираат од ЖРК Вардар.
Клубот обезбеди билети и организира неколку различни аранжмани, а според покажаниот голем интерес се очекува во салата „Ласло Пап“ да има околу 800 фанови на Вардар.
Полуфиналето меѓу Вардар и Будуќност се игра в сабота во 16 часот и 45 минути.