Тетовското обвинителство го расветлува двојното убиство во Мерово

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово го расветлува двојното убиство случено утринава во село Мерово. На местото на убиството е излезен надлежен обвинител од тетовското јавно обвинителство, кој ја води истрагата за слученото двојно убиство во кое од живот се лишени две лица, браќа на возраст од 23 и 25 години. Убиството се случило во место Јабланица, с. Мерово, Тетовско.

– Утринава во периодот од 6:00 до 7:00 часот, настанала кавга помеѓу две спротиставени групи кои се во сродство. Во пресметката меѓу нив било употребено и огнено оружје, при што од живот се лишени двајцата браќа од едната група, а телесно е повреден нивниот татко. Од другата, спротиставена група повредени се две лица кои со телесни повреди се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје,  се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.

Истрагата на надлежното Основно јавно обвинителство Тетово продолжува во насока на прибирање на материјални докази со цел расветлување на настанот.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата