Претседателот на Бурунди најави дека третиот мандат ќе му биде последен

Од:

Претседателот на Бурунди, Пјер Нкурунзиза изјави дека нема да се кандидира за уште еден четврти по ред мандат, како и дека сегашната негова кандидатура, за шеф на државата, ќе биде последна.

Ваквата изјава е обид на Нкурунзиза да се смират политичките тензии во оваа африканска земја и да запрат масовните протести на улиците на главниот град, Буџумбура, што избувнаа откако тој на 25 април објави дека ќе се кандидира уште еднаш, на јунските претседателски избори.

Опозицијата и политичките противници ја прогласија ваквата одлука неуставна и побараа претседателот да се откаже од тртеиот мандат.Според Уставот на Бурунди, дозволени се само два претседателски мандати.

Од тогаш траат протестите , во кои досега има десетици мртви и стотици ранети демонстранти, а голем број лица се уапсени и задржани во затвор.

Според независни набљудувачи, полицијата пука врз демонстрантите од огнено оружје.Локалните медиуми јавуваат дека на денешните протести во Буџумбура е убиено едно лице, откако полицаец пукал во неговата глава.

Лидерот на опозицијата Одифакс Ндлбитореј вчера е уапсен и одведен на сослушување, обвинет дека го „потикнува насилството во земјата„ но властите подоцна го ослободиле.

Тој им изјави на новинарите дека сега е дома, со своето семејство, но очекува полицијата одново да одведе.Ндлбитореј рече дека стравува за својата и за безбедноста на неговото семејство.

Илјадници луѓе во изминатите две недели на немри и насилство од полицијата, побегнаа од Бурунди во сеседните земји, стравувајжи од обновата на граѓанската војна што 12 години траеше во оваа земја.Војната во која загинаа повеќе од 300 илјади луѓе, заврши во 2005 година, со потпишување на мировна спогодба.

Поранешниот лидер на бунтовниците, Пјер Нкурнзиза од тогаш е претседател на Бурунди.

Уставниот суд на земјата пресуди дека тој ќе може да се кандидира за сегашните избори,за уште еден (трет) претседателски мандат, објаснувајжи дека првиот не се смета, затоа што Нкурнзиза во 2005 година бил назначен на таа фунцкија од Парламентот, а не бил избран на избори.

Опозицијата тврди дека Уставниот суд донел неуставна одлука под притисок на властите.

Би можело да ве интересира

Масакр во Бурунди: Убиени се најмалку 20 луѓе, меѓу нив 12 деца, две бремени жени и еден полицаец

Горан Наумовски

Десет млади ракометари од Бурунди кои исчезнаа во Хрватска, сега се „појавија“ во Белгија

Горан Наумовски

Мистериозни исчезнување во Хрватска: Нема трага ни глас од 10 ракометари од Бурунди

Младите ракометари од Бурунди дојдоа во Хрватска на светското првенство, а потоа исчезнаа

Предраг Петровиќ

Бурунди нема да дозволи влез на специјалниот известувач на ОН во земјата

А1он

ВИДЕО: Изгоре затвор во Бурунди, починаа 38 затвореници

А1он