МАН со осуда за нападот врз Ивона Талевска и снимателите на телевизија Сител

Од:

„МАН остро го осудува нападот врз главниот и одговерен уредник на Вечер, и заменик-главен уредник на телевизија Сител, Ивона Талевска, и снимателите на телевизијата, од страна на членови и симпатизери на опозицијата кои вчера протрестираа пред Собранието. Ваквите напади се дел од стратегијата на СДСМ за насилство кон сите кои имаат различно мислење од нив.

МАН апелира да прекинат заканите, насилството врз новинарите и категорично укажува дека никој не смее да ги попречува претставниците на медиумите во вршењето на својата работа.

МАН уште еднаш посочува дека разликите треба да бидат предмет на дебата, разменување на мислења и идеи, но тоа да не резултира со навреди, закани и физичко насилство врз претставниците на медиумите.

МАН бара надлежните најостро да ги казнат сторителите“, се вели во реакцијата на МАН.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски