Во Грција ќе штрајкуваат вработените во пристаништата

Од:

Предупредувачки штрајк во траење од 24 часа денеска ќе одржат вработените во пристаништата во Грција поради несогласување со најавите на Владата за приватизациска процедура.

И покрај преземената обврска за запирање на приватизацијата на 67 отсто од активите на пристаништата во Пиреја и Солун, Владата најверојатно разгледува отстапка под притисок на кредиторите, се вели во соопштение од синдикатите.

Тие наведуваат дека нема да прифатат продажба на активи на тие пристаништа ниту каква било друга форма на приватизација.

Пред една недела беше објавено дека Владата разгледува продажба на делови од двете најголеми пристаништа во државата како отстапка за договор со меѓународните кредитори за финансиска помош.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица