Кубанскиот претседател Раул Кастро во Москва ги разгледува можностите за приближување меѓу Куба и Русија пред прославата во сабота на 70-годишнината од победата над нацистичка Германија.
Раул Кастро пристигна во рускиот главен град Москва. Тој е првиот од гостите на Кремљ за воената парада на 9. мај, на која ќе се одбележат 70 години од крајот на Втората светска војна во Европа. Денот ќе се одбележи и во Хавана.
Ова е трета посета на Раул Кастро на Русија како претседател. Во советско време земјата ја има посетено 23 пати.
Меѓу членовите на кубанската делегација се министерот за надворешни работи Бруно Родригес Парилја и министерот на Револуционерните вооружени сили генерал Леополдо Синтра Фриас. Делегацијата се сретна со рускиот премиер Дмитриј Медведев, со кого разговараа за можностите за руско-кубанско приближување.
Утре Раул Кастро ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти советникот од Кремљ Јуриј Ушаков.