Македонија го одбележува Меѓународниот ден на женското дете

Од:

Во организација на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на женското дете.

На настанот, што ќе се одржи во Домот на АРМ, ќе се обратат министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и директорот на УНФПА, Дојна Болога.

Во рамки на одбележувањето ќе биде отворена изложба на фотографии на тема „Меѓународниот ден на женското дете“, а ќе бидат презентирани и три кратки документарни филмови.

Со резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации за првпат годинава се одбележува овој ден. Темата на годинашното одбележување на Меѓународниот ден на женското дете се малолетничките бракови.

Би можело да ве интересира

Секојдневен терор врз мајката од Скопје да и се земе четиригодишното дете, парите и врските појаки од правдата

Предраг Петровиќ

Мемеди: Во стабилна состојба e детето затруено со таблети

Горан Наумовски

Петгодишно дете испило таблети за спиење, итно е пренесено на Детската клиника во Скопје

Мечка гонела момче во Македонски Брод, детето не е повредено

Загреб: МВР потврди дека е уапсена мајката на детето кое се бара во Сава

Мотоцикл удрил во дете од селото Љубин, сопственикот тврди дека самото се удрило

А1он