(ВИДЕО) Герила акција на средношколците – блокираа улица и ги фрлија униформите

Од:

„Сега ќе не’ слушнете“, „Излезете, не се плашете од нас“, „Нема правда нема мир“, со извици и силни свирежи голема група средношколци, поддржани од нивните родители и наставници, попладнево, половина час ја блокираа улицата пред Министерствто за образование и наука.

Учениците ги соблекоа своите училишни униформи и симболично ги оставаа на полициската ограда со која беше затворен влезот на зградата на МОН, тоа беше нивна герила акција.

Средношколците бараат уште една средба со Министерството на која ќе биде понудено вистинско решение за сите средношколци не само за матурантите. Бараат враќање на стариот концепт на матура и мирување на екстерното тестирање.

Зградата во кое се наоѓа МОН беше обезбедувана од кордон од поицајци во панцири.

– Се собравме уште еднаш овде за да го покажеме својот револт и дека не се откажуваме од своите барања за подобро образование, рече Александар Милевски од Средношколскиот пленум.
Средношколците бараат во текот на наредните 4 години да се полага стариот концепт на државна матура, а за тоа време работните групи да го усовршуваат новиот модел кој би се применил за следните генерации. Владата го одби ваквиот предлог и одлучи само уште годинава матурантите да полагаат по стариот концепт матура.

Второто барање на средношколците е екстерното тестирање да биде анонимно и оценката да не фигурира во свидетелствата.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците