Републиканскиот кандидат за американски претседател Мит Ромни ја зголеми предноста за три отсто пред актуелниот претседател од редовите на демократите, Барак Обама.
Ова го покажуваат резултатите што во четвртокот доцна навечер ги објави агенција Reuters за која секојдневно испитување на јавното мнение за рајтинзите на двајцата претседателски кандидати за изборите што ќе се одржат на 6-ти ноември ги спроведува институтот Ipsos.
Така, на помалку од еден месец од одржувањето на американските претседателски избори, републиканецот Мит Роми ја ума поддршката на 47 отсто од избирачкото тело, додека демократот Барак Обама ужива поддршка на 44 проценти од регистрираните гласачи.
Ромни прејде во водство во анкетите откако беше убедлив победник во минатонеделното телевизиско соочување во Денвер, првото од трите што ќе се одржат до 22-ри октомври.