(ВИДЕО) Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не ја осудија полициската бруталност

Од:

Советот на општина Центар со заклучок најостро ја осуди вчерашната полициската бруталност, која очигледно беше извршена по налог на политичкото раководство на Министерството за внатрешни работи со цел да го повреди и загрози физичкиот интегритет на учесниците во протестот и со тоа да го спречи остварувањето на Уставно загарантираното право на граѓаните за изразување на незадоволство.

Во заклучокот, кој го прочита координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата, Игор Алаџајков, стои: “Земајќи предвид дека политичкото раководство на Министерството за внатрешни работи свесно и со умисла, речиси две години избегнува да го расветли и да ги изнесе пред лицето на правдата учесниците во насилниот протест на 06 јуни 2013, со кој беше демолиран објектот на Општина Центар, физички беа нападнати градоначалникот, советниците и спречени во обавувањето на нивната службена должност, Советот на Општина Центар ги осудува сите обиди на владините функционери, со импутирање политичка заднина на граѓанските протести да создаваат алиби за дополнителни злоупотреби на власта во партиски цели.

Советот на Општина Центар ги повикува сите професионалци во Министерството за внатрешни работи да не подлегнуваат на очигледните притисоци, да ги почитуваат уставот, законите, внатрешните прописи и процедури, да не извршуваат наредби кои имаат за цел демонстрирање на сила кон своите сограѓани, да не бидат соучесници во промовирањето на двојни аршини и непропорционалност во зависност од целта на постапувањето“.

Советничката група на СДСМ и коалицијата го усвои и барањето за свикување седница на која како советници ќе добијат информација од Полициската Станица од општа надлежност БЕКО за упадот на полицијата во Библиотеката Браќа Миладиновци. При тоа, како што рече советникот Дарко Атанасовски, беа повредени неколку студенти кои се подготвуваа за претстојната јунска сесија. Седницата ќе биде одржана пред Полициската Станица од општа надлежност БЕКО.

„Срам да ви е, деца напаѓавте и во читална студенти тепавте“, им дофрлуваа револтираните советници од СДСМ на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои не сакаа да учествуваат во донесувањето на заклучоците и ја напуштија седницата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар