MERJ ќе настапат со Даниел Кајмакоски на Евровизија 2015!

Од:

MERJ (поранешни членови на  R&B групата од 90-те BLACKSTREET, добитници  на наградата „Греми“)  официјално потврдија дека ќе настапат со македонскиот претставник Даниел Кајмакоски  на 19-ти мај 2015. на првото полуфинале на Евровизија во Виена.

Mark Middleton, Eric Williams и Jeremy Hanna  (Марк Мидлтон, Ерик Вилијамс и Џереми Хана) илисамо“MERJ” се музички ветерани со повеќе од 20- годишно искуство како изведувачи, издавачи,продуценти и автори.

Поранешните пејачи во една од  најдобрите R&B групи од 90-те, BLACKSTREET, се здружија за да ги вратат машките ритам и блуз  групи во зенитот на популарноста во музиката, на радио станиците и на концертната сцена.

Марк, Ерик и Џереми се автори и продуценти на песни за големи музички имиња како Витни Хјустон, Боби Браун, „Блекстрит“, интернационалната рап дива Вајб, Ашер, Мери Џеј Блајџ, Гај, Некст, Донел Џонс.

Тие се добитници на бројни награди какоGrammys, MTV Video Music Awards, MTV Europe Video Music Awards, Billboard, Soul Train awards, BMI, ASCAP и други.

Во април Даниел, славната американскаR&B група MERJ и бугарскиот пејач Бобо, работеа на значаен проект, хуманитарната песна  под наслов  „Carry the Flame”, која е дел од кампањата на Фондацијата  Holiday Heroes  во Бугарија. Целта на кампањата , како и на Фондацијата, е да им се помогне на социјално загрозените семејства.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија