Цената на нафтата стабилна над 66 долари

Од:

Цената на нафтата се стабилизираше во вторникот на светските берзи над 66 долари за барел, со оглед дека влијанието на зголемениот курс на доларот ја неутрализираше загриженоста за либискиот извоз по блокадата на значајни нафтени пристаништа.

На лондонската берза цената на барелот незначително порасна во однос на претходното затворање, на 66,55 долари. Значителни промени во цената немаше ниту на американскиот пазар, каде со барелот се тргува по 58,98 долари.

Нафтените пазари во вторникот балансираа помеѓу засилениот курс на доларот кој ја пригушува побарувачката, намалувајќи ја куповната моќ на оние кои поседуваат останати валути и блокадата на нафтеното пристаниште Зуетина на истокот на Либија. Блокадата ја поттикна загриженоста за испораките од Либија со оглед дека Зуетина спаѓа меѓу малубројните пристаништа од кои се извесува нафта. Повеќето пристаништа беа затворени поради вооружените судири, односно прекинот на производството на нафтените полиња по уривањето на поранешниот диктатор Муамер Гадафи.

Моментно во Либија се произведуваат нешто помалку од 500 илјади барели нафта дневно, што е само една третина од производството од периодот од пред 2010 година.

„Цената на нафтата зема здив по неодамнешниот скок. Клучот беше замавот-скокот на цената го поттикнува капиталот кој бара можност за купување“, толкува Карстен Фрич од франкфуртски Commerzbank.

Притоа нафтениот пазар е добро снабден, вклучувајќи го производството на OPEC, кое моментно ја надминува побарувачката за речиси два милиони барели дневно.

Министрите на OPEC ќе се состанат следниот месец за да ја разгледаат производната политика, но аналитичарите сметаат дека мали се шансите да се намали производството, со оглед дека настојуваат да го задржат пазарниот удел.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот