Француската групација Пежо-Ситроен (ПСА) објави дека планира да претстави нова генерација електрични возила до 2020 година, додека порано ќе пристигнат нови плаг-ин хибридни модели.
Извршниот директор Карлос Таварес изјави дека втората генерација Пежо-Ситроен електрични возила ќе има поголема автономија на движење и пониски цени.
Според Таварес новите модели ќе имаат подобри перформанси и ќе бидат изработени на најновата ЕМП1 платформа разработена за моделите од Б и Ц сегментот.
Групацијата ПСА планира до 2019 година на пазарот да претстави плаг-ин бензинско-електричен модел на ЕМП2 платформа, која ќе се користи и за следната генерација на моделите Пежо 508 и Ситроен Ц5.