Британскиот неделник „Економист“ и пролибералниот весник „Индепендент“ предвидуваат, по парламентарните избори во Велика Британија, за формирање коалициона влада, што би ја предводеле конзервативците на актуелниот премиер Дејвид Камерон.
Двата весника се согласуваат дека на изборите в четврток, нема да има вистински победник, па нема да има ниту еднопартиска влада, како што тоа беше до 2010 година. Затоа тие сугерираат одново да се создаде коалиција.
Но додека „Економист„ се определува само за тоа, таквата влада да ја водат и понатаму ториевците, а не лабуристите, „Индепендент„ сугерира задржување на досегашната владеачка коалиција, меѓу конзервативците и либералдемократите на Ник Клег.
Ваквата определба доаѓа и покрај тоа што во текот на предизборната кампања, двете партии настапуваа од сосема различни позиции, што на изглед ги прави невозможни партнери.
Конзервативците инсистираат и натаму на референдум за ЕУ и на продолжување со досегашната внатрешна политика, посебно со одржување на намаленото буџетско трошење и на социјалните фондови.Тие заговараат и кратење на средствата за јавното здравство,додека либералдемократите на Клег, барааат дополнителни осум милијарди фунти за здравството, се противат на зголемување на студентските такси, бараат зголемување на платите во јавниот сектор и се категорично против референдум за излегување од ЕУ.
Клег порача дека партнер за коалицирање може да бидат и ториевците и лабуристите, доколку ја прифатат изборната платформа на неговата партија, означувајќи го тоа како нивна „црена линија„.Веднаш потоа, од Камерон стигна порака дека тој нема да прифати да биде премиер на влада која не ќе може да спроведе референдум за иднината на Британја во ЕУ.
Во изминатиот мандат, откако Камерон пред 2,5 години најави референдум, се уште актуелниот заменик премиер Клег јавно се спротивстави, оквалификувајќи го тоа како „само ториевски план„ и инсистирајќи дека либералдемократите се најевропска партија во земјата.
Во Лондон се верува дека токму отпорот на Клег и неговата партија, го предизвика подемот на антиевропската Партија за независност на Обединетото Крлство (УКИП).Оваа партија на европратеникот Најџел Фараж, заговара напуштање на ЕУ и сега ги прибира кај себе, евроскептичните гласачи.
Двата весника, својата опеределност кон коалиција што би ја воделе конзервативците (со,или без либерелдемократите) ја објаснуваат со економските резултати на досегашната влада и стабилизацијата на британската економија, која релативно лесно и брзо премиена од периодот на рецесија кон економски раст.
Британија има повисок економски раст од Германија и Франција, ја намали инфлацијата на „нулта точка„ го намали големиот буџетски дефицит, одново овозможи пораст на вработеноста, одржувајќи сигурна позиција за странските инвеститори.