(ВИДЕО) Средношколците од утре ќе ја блокираат улицата пред МОН

Од:

Револтот на средношколците од утре ќе се излее на улица. Учениците, нивните родители, наставниците, утре и задутре, со почеток од 17 часот ќе ја блокираат улицата пред Министерството за образование и наука за да се продолжат преговорите со нив.

-Средношколскиот пленум ве повикува среда и четврток со почеток во 17 часот сите да се собереме и да излеземе на протест пред министерството за образование и наука. Тие сакаа да си поиграат со нас и сега ќе не видат на улица, заедно со нашите родители, нашите наставници со сите граѓани кои не поддржуваат. Останува да пробаме да издејствуваме уште една средба да се постигне компромис околу екстерното тестирање, ако не ние не се повлекуваме од тука, изјави средношколецот Александар Милевски.

Денеска истекува рокот за поднесувањето пријави на матурантите за полагање на државната матура. Средношколците велат дека со овие пријави се врши притисок и им се дава ултиматум. Тие ќе ги потпишат пријавите, а со интензивирањето на бојкотот со мирниот протест на улица, како што велат, ќе докажат дека нивната битка продолжува .

– Добивме ултиматум од денес за утре да ги потпишеме овие пријави. Ова што се случува толку одолговлекува не е наша вина. Ние стоевме на располагање на МОН да разговараме, да дискутираме, меѓутоа тие не ни излегуваа во пресрет.. Иако ова се четврти по ред пријави, и иако МОН се обидува ова да го спинува дека ако ги потпишеме овие пријави тоа значи дека е постигнат компромис, тоа не е точно, туку напротив, доколку ние матурантите ги потпишеме овие пријави тоа значи дека ние сме разумни, сакаме да бидеме академски граѓани кои ќе успеат од својата држави. Борбата сепак продолжува. Ќе останеме сите генерации сплотени и останува туак до крај. Ние бевме подготвени уште од првиот марш да одиме на преговори, министерството е виновно што овој процес се одолговлекува, ние не го сакавме ова меѓутоа таков избор ни оставија, вели претставничка на Средношколскиот пленум.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците