Заедничка родителска средба за поддршка на средношколците

Од:

За попладнево е најавена првата заедничка родителска средба на родителите од сите училишта во Скопје и Македонија

– Цел на средбата е да размениме информации за бојкотот на наставата и случувањата во училиштата во кои учат нашите деца. Ве молиме да дојдете како родители, а без никакви партиски обележја или ставови, само со искрена желба за поддршка на нашите деца., пишува во поканата за средбата на новоформираниот Родителски пленум

Средбата е закажана за денеска, во 17 часот на платото на скопската гимназија Јосип Броз Тито. Како што е наведено на фејсбук страницата, Родителски пленум го сочинуваат родители на средношколци и студенти кои се дел од двата пленума.

Тие бараат да се стави крај на лошите образовни реформи, а повикаа и на потпишување на петицијата за поддршка Средношколскиот пленум.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците