ММФ почнува разговори со делегација на Србија

Од:

Мисија на Меѓународниот монетарен фонд почнува денеска официјални разговори со делегација од Србија за прва ревизија на аранжманот со Белград од 1,2 милијарди евра.

Планирано е разговорите да траат до 12 мај.

Главни теми за тригодишниот аранжман ќе бидат состојбата во јавните финансии на Србија, реструктуирање на јавни претпријатија, намалување набројот на вработени во јавниот сектор и приватизација.

ММФ и одобри на Србија на 23 февруари стенд-бај аранжман за структурни реформи и мерки за штедење за намалување на буџетскиот дефицит.

Се уште не е објавен план за рационализација на јавниот сектор, а доцнат и приватизациски постапки за останатите јавни претпријатија. Владата на Србија смета дека ММФ ќе бидат задоволни од мерките за штедење – во  првите четири месеци буџетскито дефицит е за околу 50 милијарди динари помал од планираното.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор