Опожарено возило во кругот на поранешен „Житомел“ во Куманово

Од:

Патничко моторно возило, кое не било функционално, е опожарено во кругот на поранешниот мелничко-пекарски комбинат „Житомел“ во Куманово.

Пожарот во ТППЕ во Куманово е пријавен во 16.55 часот, а пожарот е локализиран за 20 минути.

Од противпожарната единица велат дека последниве години постојано имаат дојави за пожари кои зафаќаат делови од просториите на поранешниот мелничко-пекарски комбинат.

Во јули 2012 во голем пожар изгоре поранешната мелница на компанијата лоцирана на булеварот „Октомвриска Револуција„, а во ноември истата година изгоре дел од поранешната управна зграда и мелница на мелничко-пекарскиот комбинат.

Би можело да ве интересира

Се чека пристапен терен за интервенција на пожарот во Дојран

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати