Заев: Денес е доведено во прашање едно од основните права – да се работи и да се биде работник

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз испраќа порака по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот:

„1 Мај 2015 година во Македонија ќе биде запаметен како ден што почна да ја враќа одлучноста на граѓаните да ги бранат човековите работнички права и достоинство, што 9 години по ред, мала група на власт недозволиво ги гази и повредува.

1 Мај некогаш беше празник на стекнатите работнички права и ден кога работниците го креваа гласот за унапредување на своите права. Изминатите 9 години, суровата и клиентелистичка власт на Груевски и неговата фамилија ги врати граѓаните и државата во феудализмот. Длабоко ги показија и повредија сите, со Устав и со закон загарантираните работнички права, по сите основи. За прв пат од независна Македонија, е доведено во прашање елементарното право на работниците, на штрајк. Задушена е слободата на говор и недемократски и нецивилизирано се прави `се, да се спречи слободната мисла.

Денес е доведено во прашање едно од основните права – да се работи и да се биде работник.

Граѓаните или не работат, или работат под невидени притисоци за бркање од работа ако не одработуваат за Груевски и неговата група, или се избркани од работа ако се спротивставуваат на штетните и криминалните политики.

Работници гинат по скелиња, не се почитува едно од основните права за заштита при работа. Голем дел од работниците работат прекувремено за минимални плати, други и во исклучително лоши услови за работа.

Работникот во Македонија денеска од сопствената Влада е продаван како евтина работна сила.

Порачуваме дека големата невработеност којашто се крие со бришење небвработени од евиденциите, лажниот К 15, поигрувањата со надежите на волонтерите со кои власта со години манипулира, загрозената егзистенција на хонорарците, мининалната плата која е најниска во регионот, потценувањето на земјоделците, рударите, ранливите категории граѓани кои се оневозможени да ги остварат своите законски права без да станат изборен инструмент, ќе запре!

СДСМ е цврсто одлучна да ги врати и унапреди сите работничките права и преку програмата за враќање на средната класа да овозможи достоинствен живот за сите граѓани во државата.

Вистината за Македонија ќе ја врати државата во рацете на граѓаните.

Овој 1 Мај најавува дека тоа ќе се случи!“

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб