Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за Денот на трудот – 1 Мај

Од:

ВМРО-ДПМНЕ како свои врвни приоритети ги има отворањето нови работни места, зголемувањето на платите, подобрата здравствена и социјална заштита и повисокиот стандард на работниците. Тоа е нашата цел и ние и во иднина ќе работиме тоа да го унапредуваме, се вели во честитката на ВМРО-ДПМНЕ до граѓанте на Република Македонија пом повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.

– Во тој правец ВМРО-ДПМНЕ во континуитет презема мерки со кои се овозможува полесно вработување на речиси сите категории на граѓани и обезбедување нивна социјална сигурност, пред се на младите, лицата од социјален ризик, самохраните родители, лицата со хендикеп, невработените лица во поодмината возраст итн. Тоа го правиме преку директна поддршка со кредитирање или бенефиции за нивно вработување, се наведува во честитката.

Меѓу постигнувањата се наведуваат усогласување на законодавството со директивите на ЕУ и конвенциите на Меѓународната организација на трудот во делот на заштита на работничките права, воведувањето на концептот бруто плата, намалувањето на придонесите за здравствено и пензиско осигурување и на персоналниот данок, со што се намали и невработеноста во Македонија од рекордни 39% на 27,6%, првпат е донесен Закон за минимална плата, се зголемија платите и се воведе задолжителна исплата на регрес за годишен одмор, познат како К-15.

– Свесни за предизвиците на ова поле ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи, со директно вклучување на синдикатите како партнери, во подобрување на заштитата на работничките права, подобрување на социјалниот статус на работникот во Македонија и обезбедување негов подобар стандард. Ова е основна гаранција дека заедно ќе изградиме подобра Македонија во која трудот и работникот ќе бидат вреднувани достојно, стои во честитката.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција