Британската морнарица и граничарите пред една недела на еден пловен објект во Северното Море открија повеќе од три тони кокаин, чија вредност на „црниот пазар“ изнесува повеќе од 500 милиони фунти, што е досега најголемата заплена на дрога од прва класа во Велика Британија.
Бродот „Хамал“, регистриран во Танзанија, бил пресретнат на 23 април од бродови на кралската морнарица и граничната полиција на речиси стотина милји источно од Абердин.
Во врска со овој инцидент покренати се обвиненија против деветмина Турци, на возраст меѓу 26 и 63 години.
„Хамал“ е однесен до пристаништето во Абердин, каде започнала истрага и било пронајдено огромното количество кокаин.