Цар Самоил ќе биде тргнат затоа што пречи во поплочувањето на плоштадот

Од:

Споменикот на Цар Самоил ќе биде преместен затоа што го попречува поплочувањето кое се врши на плоштад Македонија околу споменикот Воин на коњ. Од своето моментално лежиште споменикот ќе се постави за неколку чекори поназад, односно на самиот влез во кафеаната „Пелистер“.

На новата локација деновиве се работи на нов постамен, односно бетонски блок со еднаква големина.

IMG_20150430_152427

На денешните советнички прашања во Град Скопје, советничката од СДСМ, Сања Зинзирова, го праша градоначалникот, Коце Трајановски, зошто се врши дислокација на споменикот и колку пари издвојува Градот за тоа.

Трајановски одговори само дека споменикот се преместува поради проектот за реконструкција на плоштадот.

На местото каде деновиве се прави новиот постамент, пред еден месец беа исечени два костени. Иако стеблата беа витални и раскошни од Градот одговорија дека нивната сеча коинцидира со преместувањето на споменикот и дека се исечени по направена експертиза за нивната состојба.

Како што најави градоначалникот преместувањето на споменикот треба да заврши до средината на јуни. Ова е дополнителен трошок при реконструкцијата на плоштадот која го чини Град Скопје околу 2,4 милиони евра. Освен што ќе добие мозаик од калдрма, на средишниот дел од плоштадот се гради приземјена фонтана со 128 прскалки. Работите ги изведува фирмата „Трансмет“.

Беше најавено дека градежните работи ќе завршат до средината на минатата година, но процесот се одолговлечи. Поради реконструкцијата, плоштадот е подолго време затворен со тараби и е ограничен просторот за поминување на еден мал пролаз кој води до Камени мост.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето