Известителот на Европскиот парламент за Косово, Урлике Луначек изјави денеска дека прифаќањрто на предлогот за Договор за стабилизација и асоцијација со Косово е “добра вест“.
– Тоа е многу добра вест и понатамошен чекоr на Косово на патот кон европските интеграции.
– Ја поздравуваме одлуката на ЕК за прифаќање на Договорот и проследување на усвојување во Советот на унијата и Европскиот парламент, наведува таа во соопштение.
Додава дека тоа е првпат ЕУ и Косово да имаат договор и го повика Советот на ЕУ да го потпише и заклучи тој документ што е можно поскоро. Австриската политичарка вели дека потоа ЕП треба наесен да го усвои Договорот за да стапи на сила во 2016 година, јави Танјуг.