Средношколскиот пленум денеска отвори уште еден штанд за потпишување на петицијата за поддршка на барањата на средошколците на улица „Македонија“. Штандот ќе биде отворен од 12 до 19 часот.
Инаку, само за два дена, како што информираат од Пленумот, се собрани околу 3 600 потписи на граѓани со нивни целосни податоци.
-Апелираме до секој совесен граѓанин да дојде и да ја искаже својата поддршка во паркот спроти МОН или на улица Македонија со цел да бидеме поблиску до отстварување на нашите јасно веќе оддамна поднесени барања, велат од Средношколскиот пленум.