Скопјани им даваат масовна поддршка на средношколците со свирење од своите автомобили кои се излезени на улицата пред Министерството за образование и наука.
Средношколците со транспаренти, „Свирни за поддршка“, бараат од граѓаните да ја изразат својата согласност со нивните барања, преку свирење од своите автомобили.
Со тоа се праќа и пораката до министерот за образование и наука, Адеми, кој во неговиот кабинет ги слуша звуците од улицата и масовната поддршка што граѓаните им ја даваат на средношколците.