Изложба на слики од Марина Лешкова

Од:

Во Галеријата на Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена изложба на слики од Марина Лешкова со наслов „Флуктација од една позиција во друга“.

Марина Лешкова е родена на 25.09.1957 година во Скопје. Во 1984 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и на Историја на уметност со археологија на Филозофски факултет во Скопје. Работи во НУ Музејот на современата уметност Скопје, како историчар на уметност / виш кустос. Работи како академски сликар. Член е на ДЛУМ и ICOM.

Лешкова негува сопствена лиричност, која дозволува преплетување на носталгичноста кон љубовта, среќата, поретко тагата. Нејзината аналитичност при конципирањето на визуелните глетки што ја преферираат претходната помешаност на чувствата, конкретно поаѓа од иницијални споени констатации и референци на Сезан, Матис, Моне, Мондриан,Мaљевич, Kле, Кандински, Вазарели или Ван Гог.

При анализата нa нејзините последни три самостојни презентациии видливо е колку модусите на современата уметничка практика во себе обединуваат. На еден инвентивен начин прифаќањето на ретро-традиција го актуелизира нејзиното сликарство, кое останува отворено посебно околу проблемот на разработка на структурата на одбраната предлошка, композицијата и дијалозите на фигуративното и апстрактното. Последново навраќањето кон Матис или Мондриан претставува сублимат на нејзините досегашни искуства во кои е битно да се одржи дигнитетот на чинот на сликањето.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски