5-кратниот светски шампион во снукер, Рони О’Салиевен на големо изненадување е поразен во четвртфиналето од светскиот шампионат кој се игра во Крусибл театарот во Шефилд, од Стјуарт Бингам со 13:9.
„Честитки за Стјуарт, тој е сега еден од великаните на оваа игра“, рече Рони по поразот.
„Го совладав најголемиот на сите времиња“, низ солзи рече Бингам.
Тој во полуфиналето ќе игра против Џад Трамп кој го „преслуша“ Динг Жунхеи во четвртфиналето со убедливи 13:4.
Во второто полуфинале ќе играат светскиот шампион од 2005, Шон Марфи и Бери Хокинс.