(ВИДЕО) Охриѓани: Дојдовме за поддршка, да не мрзнат сами на студот

Од:

Денеска во кампот на средношколците пред зградата во која се наоѓа МОН, пристигнаа ученици од Охрид.

– Дојдовме од Охрид со финансикса помош од Средношколскиот пленум, сакаме да им изразиме поддршка на нашите соученици кои веќе трет ден тука се мрзнат на студот. Сакаме да имаме наши права кои ни се загаранитирани. Благодарност до Министерството кое веќе трет ден ги прима нашите колеги и се надеваме на позитивни резултати, велат средношколците од Охрид.

Тие ноќта ќе ја поминат во кампот пред МОН заедно со своите соученици од скопските средни училишта, велат дека ако не биде многу студено би останале и повеќе.

– Најдобро ќе биде доколку Министерствтото излезе со став дека ги прифаќа нашите барања и сите ученици задоволни да си одат дома – да си се стоплат.

Во Охрид веќе 13 дена учениците од трета и четврта година ја бојкотираат наставата, а од прва и вртора година, на настава не одат вееќе шести ден.

– Има притисоци, но ќе издржиме, велат среношколците од Охрид.

Таму од четири средни училишта во две, целосно се бојкторира наставата.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците